Министерот за надворешни работи на Грција во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ се осврнува на потеклото на Александар Македонски.
На прашањето „Многу Грци се загрижени дека Александар Велики и древната Македонија повеќе не се гледаат како хеленски. Популарен пример: на британски квиз еднаш беше поставено прашањето: ‘Од која националност бил Александар Велики?’, Одговорот ‘грчка’ беше погрешен“, Катругалос одговори: „Никој не верува дека Александар Велики бил Словен. Секогаш има грешки. Се сеќавам на холивудскиот блокбастер за Александар: кога се придружи во битката, тој викна: ‘Кон Грција!’. Дури и во холивудскиот филм што ги одразува перцепциите на просечните луѓе јасно е што е Грција и што е древна Македонија“.
Точниот одговор на споменатиот квиз на ТВ-каналот Челенџ за националноста на најголемиот војсководец во историјата беше „македонска“.





