Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос.
Централната прослава по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ја предводеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов.
Божик денес го слават и грчката, бугарската, романската, грузиската а од оваа година и украинскат православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.
Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7 јануари. МИА






