Катимерини по состанокот во четвртокот меѓу премиерот Киријакос Мицотакис и неговиот колега Зоран Заев пишува за клучните индикатори во билатералните односи меѓу двете земји.
„Почитувањето на добрососедските односи и целосното, доследно и со добра волја примена на договорот од Преспа остануваат од витално значење. Овие се клучните индикатори во нашите билатерални односи, но исто така и за можноста вашата земја да влезе во ЕУ“, ги пренесува позициите на Мицотакис весникот.
Двајцата лидери според Катимерини ја анализирале и можноста за понатамошна соработка меѓу нивните земји, особено во областа на економијата и енергетиката.






