DER SPIEGEL Cover 44 / 2020

„Речиси сите наши соседни земји чекаат да ги добијат првите дози (вакцини-н.з.) некаде во 2021 година преку КОВАКС. Како може Црна Гора сама да бара квоти од „Фајзер“, во време кога Европската Унија ги зкаупи првите стотици милиони што излегоа од фабриката на компанијата во Белгија?



Што треба да направат Албанија, Косово, Босна или Македонија? Србија пред некој ден со тапани објави дека на некој начин обезбедила 20.475 дози од вакцината Фајзер/Бионтек. Нивниот сосед Хрватска, сепак, обезбеди 5,6 милиони дози од истата вакцина за 2021 година. Бидејќи е членка на ЕУ“.

Ова е дел од освртот на атински „Катимерини“ кој ја повика Европската унија да покаже солидарност кон земјите од Западен Балкан.

Весникот потсетува дека вакцините за коронавирус се подготвени и се произведуваат во специјални фабрики во различни делови на светот.

„Сите – но сите – квотите направени во фабриките на овие компании се веќе откупени од неколку богати земји. Канада, САД, Австралија, Велика Британија, Јапонија и Европската комисија, кои ги претставува 27-те земји на Европската унија, откупија половина од вакцините што треба да се развиваат ширум светот следната година. Без оглед на вакцината што ќе излезе од овие фабрики, прво ќе оди директно кај нив.

Всушност, овие земји имаат претходно купено вакцини од многу компании во исто време, па дури и повеќе дози отколку што им требаат, за да бидат обезбедени во случај една или некои да не се покажат ефикасни.

Само Канада, има купено доволно дози за да го вакцинира секој граѓанин пет пати. Европската унија претходно купи скоро 2 милијарди транши од шест различни компании за да ги дистрибуира до нејзините земји-членки, според нивната популација.

Од нив, во Грција има повеќе од 28 милиони дози, способни да вакцинираат 16,5 милиони луѓе“.