Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, во вторник одново треба да се појави на распит во Обвинителството во врска со случајот Рекет, соопшти вечерва, во гостување на 360 степени на Алсат М, нејзиниот адвокат, Ирена Фрчкоска.
Фрчкоска потврди дека здравствената состојба на Јанева е влошена, особено психички, но ги отфрли како неосновани сомневањата дали поради ова таа можела да ги пишува писмата – наредбите што ги испраќала од притвор.





