Со полициска придружба и лисици на рацете поранешната шефица на СЈО беше донесена во Обвинителството за организиран криминал, јави Макфакс.
Катица Јанева која од 21 август е во притвор во Шутка, која е осомничена во случајот „Рекет“, се очекува денеска да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска во својство на осомничена.
На 20 август, Јанева за прв пат беше повикана на распит, а ден подоцна беше притворена.





