Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на Фејсбук објави дека се вработила во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.



Информацијата ја потврди за Плусинфо Лазар Јанев, кој рече дека Јанева ќе доаѓа секој ден на работа, а навечер ќе се враќа во КПУ Идризво, што е овозможено со Законот за извршување санкции.

Оваа привилегија Јанева ја добила поради тоа што има отслужено 5 од вкупно 7 години на колку што беше осудена.

Лазар Јанев беше вработен како менаџер во поранешната телевизија 1ТВ на шоуменот и водител Борјан Јовановски Боки 13, кој беше осуден во случајот „Рекет“, исто како и специјалната обвинителка Катица Јанева, потсетува Плусинфо.