Денеска во Специјалното јавно обвинителство пристигнало известување дека
Шефицата на СЈО денеска ги известила колегите дека отворила боледување во вторникот, велат за Радио слободна Европа од Специјалното обвинителство.
Известување пристигнало откако голем дел на медиуми објавија дека Катица Јанева трет ден не доаѓа на работа и при тоа не ги известила своите колеги за причините за нејзиното отсуство.
Специјалната обвинителка Јанева во понеделникот депонираше оставка која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство.
Нејзиниот мандат на чело на СЈО истекува на 15 септември.
Јанева во јавноста се поврзува со предметот на Јавното обвинителство Рекет, во кој, како осомничени, беа приведени и им беше одредена мерка притвор, на Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.





