Специјалното јавно обвинителство соопшти дека шефицата на СЈО, Катица Јанева поднесе неотповиклива оставка.
Оставката ќе стапи во сила кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник, се вели во соопштението на сајтот на СЈО.
„Ја депонирам мојата оставка која ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат мојот наследник.
Дозволете, јавно да се заблагодарам на целиот тим на Специјалното јавно обвинителство со кој испишавме историја. Треба да бидеме горди затоа што претставуваме симбол за бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.
Ја користам приликата да се заблагодарам на сите граѓани и на медиумите кои со довербата во нас и поддршката која ја даваат се ветер во грб за одговорната работа која ја вршиме. Бев и ќе останам подготвена да се борам за подобро утре на сите граѓани на Република Северна Македонија“, пишува Јанева.




