Катица Јанева пак поднесе оставка, овој пат „црно на бело“

Специјалната обвинителка Катица Јанева со од притвор со писмо го го известила Советот на јавни обвинители дека ја активира условената оставка поднесена на 15 јули, дознава Сител..



Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената оставка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево.

Оставката која Јанева ја напишала рачно, доаѓа во ист ден со одлуката на Комисијата за избори именувања која едногласно реши да му предложи на Собранието да ја разреши.

Јанева, на прес конференција во средината на јули најави оставка која ќе била активирана откако ќе биде избран нејзин наследник.

Тогашната изненадувачка оставла дојде кусо време по веста за апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески -Кичеец.