Во врска со денешните разговори за новиот закон за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот статус на СЈО, шефицата на Специјалното обвинителство, Катица Јанева вели дека очекува позитивна разврска за иднината на оваа институција.
Затоа што се работи за врвни професионалци како од страна на Владата, така и од страна на опозицијата, со исклучок на некои личности поврзани со нашите предмети кои веќе не се во преговорите.
„Лично мислам дека законот секогаш може подобро да биде формулиран“, рече Јанева, додавајќи дека во суштина надминати се разликите за тоа што ќе работи СЈО.
Во однос на етапниот избор на јавни обвинители за СЈО согласно новиот закон, Јанева посочи дека тоа ќе биде во ингеренција на Советот на јавни обвинители. Сепак, изрази надеж дека целиот нејзин тим ќе продолжи да работи уште еден мандат, рече специјалната јавна обвинителка за МИА.





