Катица го изгубила вториот мобилен во Белград, вели синот Лазар

Синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, на обвинителката Вилма Русковска ѝ рекол дека неговата мајка го изгубила вториот телефон во – Белград.



Во интервјуто за Сител Русковска рече дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Лазар Јанев е директор на маркетинг во 1ТВ, каде по апсењето на Бојан Јованосвки беше извршен претрес.

Во понеделникот, 15 овој месец, полиција по налог ѝ го одзела мобилниот телефон на Катица Јанева, но не и другиот за кој изјавила дека го изгубила.