Денеска во 13 часот е закажа седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Собраниската комисија за избори и именувања минатата недела едногласно одлучи на Собранието да му предложи разрешување на шефицата на СЈО која од 21 август е во притвор.
Мандатот на специјалната обвинителка осомничена во случајот „Рекет“ истекува утре, 15 септември.
Јанева од притвор потпиша решение предметите што ги води СЈО да бидат префрлени во Јавното обвинителство.
Премиерот Зоран Заев, вчера во интервју за ТВ Сител изјави дека пратениците на СДСМ ќе го поддржат разрешувањето на Јанева, но не за незаконито работење туку за „нестручно и несовесно“ работење.




