Катастрофални коментари за Агелер во објава на ,,Сакам да кажам”

Ниту еден позитивен коментар за изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер која ја пренесува порталот Сакам да кажам а се однесува на критиките кон одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати криминалниот договор на владата со Бехтел и Енка.



Во стотиците коментари од реални луѓе со име и презиме нема разбирање за позицијата на Агелер која го нападна ВМРО-ДПМНЕ и во исто време се обиде да ги оправда СДСМ и ДУИ за криминалниот договор.

Порталот СДК.мк важи за медиум кој има добри контакти со американската амбасада и добивал пари од американските даночни обврзници.

Во дел од коментарите има и недозволиви лични навреди за Агелер но најголем дел се за принципиелни работи:

Е ова е вистинска “демократија”.
Ќе те тепаат и ќе ќутиш. Ако се побуниш тогаш си против нивната демократија.

Па зошто тогаш се кријат фактите, зошто е договорот таен и неможе да се види???

Изгледа амбасадорката ги има сите факти, со оглед на тоа што договорот во Македонија не го виделе тие кои треба да го гласаат и немаат никакви факти. Ако малку ги следи анкетите, ќе знаеше дека не е само опозицијата против договорот, туку и 75% од населението во Македонија.

И мошне е разочарувачки што амбасадорката се стави во улога на бранење нешто што е направено на анти ЕУ и НАТО процедура. Срам за амбасадорката. Се згази самата.

Еве ја амбасадорката “најважна за нас” да каже дека работи за своите интереси а не за нашите добра. Таа е веќе пристрасна и се однесува како дел од владата. Срамота за Америка.

Како опизицијата да ги има сите факти кога вие им браните ба власта да ги покажат на Јавноста и кој сте вие да се мешате во внатрешните работи на една Суверена Држава

Па зошто тогаш се кријат фактите, зошто е договорот таен и неможе да се види???

Да се инвестира/гради во државата е супер! Но имајќи ги предвид декларативните антикорупциски залагања на Владата и странскиот фактор, пазарните принципи и владето на правото, колку и да се труди човек, тешко да најде доволно разумни ниту законски аргументи да се одбрани процесот со кој ова е договорено.
А за цената (иако удвоена спрема проектите во соседството), не треба да се прашува оти… целта ги оправдува средствата! (Ви текнува?)
Владата (читај: Народот) ова секако ќе го плати, при што (овој пат) треба да биде среќен заради ваквата инвестиција, и да не “таласа” и поставува логилни прашања. Во некоја друга прилика, обратно, ќе се чудиме оти народот не се интересира. Зависи што ќе е целта…
(јбг г-не Макијавели)

Сите коментари на линкот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0mz5Di16WkvPQfPTz6tQ4ABsMPqjoL2XUX6bzKX32BM8z8nKrEohc7xmk527wGuEbl&id=1127436860634822&mibextid=Nif5oz