Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани (44) доставил нова понуда за купување на „Манчестер Јунајтед“, за која се верува дека вреди околу 6,12 милијарди долари, објави Ројтерс
Шеикот Јасим, син на поранешниот премиер на Катар, поднесе нова понуда откако побара продолжување во средата.
Британскиот милијардер Џим Ретклиф, долгогодишен навивач на Јунајтед и основач на хемискиот производител ИНЕОС, уште во февруари даде понуда за клубот, а во трка за преземање на „црвените ѓаволи“ е и финскиот претприемач Томас Зилијакус.
Шеикот Џасим планира да купи 100 отсто од клубот, додека понудата на Ретклиф е за удел од околу 69 отсто. Финскиот претприемач најави дека планира да финансира 50 отсто од клубот.
Сегашните сопственици на Јунајтед, американското семејство Глејзер, почнаа да разгледуваат нови опции во ноември, вклучувајќи нова инвестиција или потенцијална продажба, седум години откако го купија клубот од Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед рекордни 20 пати беше шампион на Англија, а три пати беше европски првак.







