Каталин Карико и Дру Вајсман добитници на Нобеловата награда за медицина

Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Каталин Карико и Дру Вајсман за откритијата што овозможија развој на ефективни вакцини со мРНА против ковид.



Томас Перлман, секретар на Нобеловото собрание, ја објави наградата во Стокхолм.

Нобеловите награди носат парична награда од 11 милиони шведски круни, приближно 950.000 евра. Парите доаѓаат од оставината на креаторот на наградата, шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, кој починал во 1896 година.

Нобеловите награди продолжуваат со наградата за физика во вторник, хемија во среда и литература во четврток. Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок, а наградата за економија на 9 октомври.

Лауреатите се поканети да ги добијат своите награди на церемонијата на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел. Престижната награда за мир се доделува во Осло, по негова желба, додека другото доделување се одржува во Стокхолм.