Кастриот Реџепи утре „ќе се исповеда“ на телевизија

Кастриот Реџепи, пратеникот кој се одметна од ставовите на „Беса“ и реши да не направи кворум во Собранието за изгласување на недоверба на Владата, утре во телевизиска емеисја ќе објави се што му се случувало деновиве откако во четвртокот исчезна од очите на јавноста.



Телевизија ТВ21 објави дека тој ќе гостува утревечер во емисијата „Клик плус“. Реџепи вече најави дека понеделник ќе биде денот кога се ќе каже пред јавноста, а останува да се види дали, како што напиша тој на социјалните мрежи, ќе се обрати и на прес-конференција.

Иако се уште не потврдил, се очекува на мнозинството да му се приклучи Реџепи. За овие и други работи ќе зборува утре на КликПлус на ТВ21. Од опозицијата искоментираа дека тој „е киднапиран“, додека од власта пак велеа дека бил изманипулиран и доведен во заблуда.

Линк до целиот текст.