Кастриот Реџепи се приклучи на „огнените“ од ДУИ

Независниот пратеник Кастриот Реџепи се приклучи на „огнената група“ во ДУИ.



Синоќа со фотографија на која се Меџити, Реџепи и Блерим Беџети новата дружба на Фејсбук ја објавија тројцата функционери.

Под објавата на фотографијата тројцата напишаа „заедно“.

Истакнатите членови на ДУИ, Меџити (пратеник) и Беџети (актуелен градоначалник на Сарај) се потписници на писмото во кое бараа смена на Артан Груби и промени во партијата.

Доколку Реџепи ѝ даде поддршка на „огнената група“ тоа ќе бидат веќе 4 пратеници што значи дека на Ковачевски и Ахмети ќе им остане поддршка од само 60 гласа во Собранието. Во такви услови, под знак прашалник е како ќе функционира коалицијата на СДСМ и ДУИ која нема да има мнозинство.