Поранешниот пратеник на Беса, кој во Собранието функционираше како независен откако ја напушти партијата, вели дека разговарал за негово евентуално приклучување кон „огнената група” на ДУИ.



Се сретнавме со Изет Меџити, Блерим Беџети и мојот пријател Алко на кафе, но секако и за создадената политичка ситуација, па сакав да се уверувам дека последните случувања нема да имаат последици во интеграцискиот пат на државата, рече Реџепи во синоќешното гостување во емисијата „Патот кон” на ТВ Алсат.

Реџепи рече и дека Меџити му е близок од минатата година, кога одлучи да не гласа за уривање на власта и дека на последната средба разговарале и за евентуално преминување во ДУИ.

Тој се пожали дека бил избркан од БЕСА…