Гари Каспаров, некогашен светски шампион во шах и жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин, констатира скриени намери на Западот во недоволната поддршка за Украина во војната со Русија, според него.
„Западот ги мери животот и смртта во Украина со километар и милја од дострелот на оружјето. Повторно, тие очигледно сакаат Украина да се бори, но не и да победи, да ги спречи напаѓачите на Путин, но не и да ги истисне“, ја коментира Каспаров објавата на Твитер од новинарот на британски „Гардијан“, Лук Хардинг: „Моето испраќање од јужната линија на фронтот во Украина и многу гранатираниот град Николаев. По катастрофалниот упад во почетокот на инвазијата, руските тенкови се вкопани низ каналската мрежа и надвор од дофатот на украинското оружје“.






