Лидерот на Движењето БЕСА, вели дека е отворен за дебата околу темата легализирање на канабисот, што го најави премиерот Зоран Заев, но дека тој е против.
„Јас лично сум против легализацијата“, рече Биљал Касами во гостување на ТВ21.
На прашањето на ТВ21 доколку премиерот инсистира на оваа мерка, Касами одговори дека тогаш ќе одлучат бројките во Собрание.
Лидерот на БЕСА исто така додаде дека е против обложувалниците и напомена дека најприфатливо е тие да бидат целосно он-лајн.





