Касами: Тетово ќе и го одземеме на Теута и ќе им го вратиме на тетовци

„Општината Тетово ќе и ја одземеме на Теута Арифи и ќе им ја вратиме на тетовци.“ – рече лидерот на Движењето Беса Билал Касами вечерва на завршниот митинг на неговата партија на плоштадот ‘Илирија’ во Тетово.’ – извести порталот ‘Монитор.мк’ – пренесе јави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Касами рече дека со неговото доаѓање на чело на локалната власт општината ќе биде отворена и транспарентна. Тој изјави дека за четири години ќе биде затворен проблемот со водата за пиење и граѓаните насекаде ќе имаат вода 24 часа: ‘За 4 години го отстраниме отпадот и ќе го направиме Тетово чист град. Нема да има повеќе депонии на ѓубре. Ќе се реши и проблемот со недостигот на паркинг места.“ – рече Касами, ветувајќи пред присутните на митингот дека со доаѓањето на Беса во Тетово ќе има и квалитетно образование.“

„Подготвени сме да го направиме она што Теута не успеа да го стори за осум години. Нејзиниот неуспех вечерва не обедини. Тетово ќе и биде одземено на Теута Арифи и ќе им се врати на тетовци.“ – пренесе „Журнал“.