Касами се сретна со Рикер во Вашингтон

Лидерот Движењето Беса, Биљал Касами, вчера во Вашингтон оствари работна средба со помошниот државен секретар за Европа и Евроазија, амбасадорот Филип Рикер .



„Северна Македонија на вистинскиот пат, Коалицијата БЕСА-СДСМ гарантираат за евроатлантската ориентација на земјата!“, напиша по средбата во Стејт департментот Касами на Фејсбук.

СДСМ и Движењето БЕСА заеднички ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори на 12 април.