СДСМ, ДПА и Беса најавија можност за предизборна коалиција, лидерите Заев, Касами и Тачи веќе изјавија дека се подготвени за меѓусебна соработка, но сега се во тек математики кој би добил, а кој ќе изгуби во ваква трипартидна коалиција. Но!



Касами истакна дека е подготвен за коалиција со СДСМ и ако има добра понуда, ќе биде прифатена. Тачи пак, условува ДУИ да не биде дел од новата влада и тој да биде вицепремиер

Од Беса имаат уште еден услов: Лидерот Билал Касами да биде носител на заедничката листа со СДСМ во Шестата изборна единица.

Математиките се дека предизборната коалиција помеѓу СДСМ и Беса ќе биде добитна комбинација и дека партијата на Касами нема да изгуби гласачи Албанци, туку ќе придобие ако се оди дека македонско-албанската коалиција ќе освои 61 пратеник, анализира „Плусинфо“.

Но, доколку на коалицијата СДСМ и Беса ѝ се приклучи и ДПА, тогаш нема гаранции дека гласачите на Беса би поддржале таква соработка.

Повеќе