
БЕСА на Билал Касами за уставни измени како услов побара предвремени избори. Според него внесувањето на Бугарите во Уставот е во директна корелација со одржувањето на предвремените избори.
„Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори. Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите и актуелните во делот на интегрирањето и економските и енергетските и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори“, рече Касами.
Тој најави радикализација, односно вршење на притисок врз власта преку протести.
За постигнување на оваа цел тој вели дека се подготвени за соработка со сите партии од албанскиот опозициски блок, а не ја исклучува можноста за соработка со Алијанса за Албанците и со ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на организирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори“, рече Касами на денешната прес конференција.





