Касами: Правата на Србите во Косово се далеку од тие на Албанците како втор мнозински народ во Македонија!

Според лидерот на Движењето Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, Србите во Косово имаат многу поголеми права од Албанците во Македонија, кои, пак, не биле малцинство, туку „втор мнозински народ по македонскиот“?!



„Косово е една од нашите соседни држави, со мнозинско албанско население таму. Косово е една од ретките држави која може да биде пример во делот на демократијата и човековите права. Значи, правата кои ги има српското малцинство во Косово се многу, многу далеку од правата кои ги имаат Албанците, иако се, нели, втор мнозински народ во Македонија по македонскиот народ. Така што Косово ни е нам како пример како ние во Македонија треба да се однесуваме во делот на градењето на државата и на меѓуетничките односи“, изјави Касами во интервју за Радио Слободна Европа.