Касами: Потпишуваме договор за решавање на проблемите на Албанците во изминатите 20 години – нивниот спас е во ЕУ

„Вечерва потпишуваме договор, кој е договор на потребите и проблемите со кои се соочуваат Албанците овие 20 години.“ – изјави лидерот на Движењето Беса Билал Касами во интервјуто за ТВ Алсат.

ТВ Алсат пишува: Во Тетово вчеравечер се промовираше платформата и заедничката програма, зад која застанаа сите партии од новиот коалициски опозициски блок – Европскиот сојуз за промени. Лидерите на Европскиот сојуз за промени во заедничката изјава ветуваат продлабочување на соработката со САД и борба против криминалот и корупцијата. Претседателот на Беса Билал Касами во интервју за Алсат нагласи дека имаат решенија за сите проблеми и ги повика граѓаните да се приклучат на сојузот.


„Вечерва потпишуваме договор, кој е договор на потребите и проблемите со кои се соочуваат Албанците овие 20 години. Нудиме решенија за сите проблеми, кои се однесуваат на неуспесите на оваа Влада во економскиот развој, образованието, здравството, поради што младите се иселуваат. Тоа е застојот на * Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Затоа главниот збор на овој договор е интеграцијата на земјата во ЕУ, економскиот развој, подобра благосостојба за граѓаните, регулирање на здравствениот и образовниот систем, се со една цел, прекин на егзодусот на Албанците, младите.“ – рече Касами.

Тој истакна дека Европскиот сојуз за промени ќе настапи со заеднички листи за пратеници и ќе има заеднички кандидат за претседател. Ги повика граѓаните да им се приклучат.

„Вечерва сакам да ги повикам сите граѓани, здруженија, политички партии, сите што се активни и не се активни во политичкиот живот, да се приклучат на ова движење, на овој сојуз. Вратите се отворени, бидејќи вечерва гледаме дека тука е народот. Не може никој да ја сопре оваа еуфорија, оваа сила на народот. Затоа, сите тие што се со народот, со Албанците, треба да бидат со Европскиот Сојуз за промени. Има силни сигнали од луѓе, кои се во политички субјекти и покрај фактот што некои политички субјекти веќе се многу блиску до коалиција со ДУИ. Но, нивните структури се во комуникација и верувам дека тие наскоро ќе се приклучат на нашиот сојуз, кој е европски, албански сојуз, кој е сојуз за спас на Албанците во ЕУ.“ – додаде Касами.