„Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами не верува дека недоразбирањата меѓу Скопје и Софија може да ги реши новата Влада, со која се очекува да раководи Димитар Ковачевски. Касами во изјава за весникот ‘ЛАЈМ’ рече дека оваа Влада нема да има ниту легитимитет ниту готовност да ги надмине недоразбирањата со Бугарија, кои го држат блокирано отворањето на преговорите со Европската унија. Излез од оваа Касами гледа во одржување предвремени парламентарни избори.“ – извести весникот на албански јазик „Лајм“
„Лајм“ ги објави ставовите на Касами: „Ова парламентарно мнозинство нема подготвеност, пред се, но и легитимитет да ги реши недоразбирањата со Бугарија. Тоа е дополнителна причина, поради која треба да имаме нови избори. На тие избори, задолжително, една од точките за кои ќе треба да се расправа треба да биде и понудата на политичките партии за решавање на проблемот со Бугарија. Тоа е еден од важните услови за продолжување на евроинтеграцискиот процес. Затоа, треба да има нови избори. Една од точките со кои ќе треба да се соочат партиите, особено македонските, во однос на изборите, ќе биде понудата како да се реши проблемот на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.“
„На прашањето дали Ковачевски има легитимитет за да формира Влада лидерот на Движењето Беса Билал Касами одговара: ‘Не само Ковачевски, туку и ова владино мнозинство го нема легитимитетот на граѓаните, за да продолжат да бидат на чело на извршната власт, бидејќи тие самите се делегитимираа. На изборите во 2020 година Заев доби мандат да раководи во име на парламентарното мнозинство. Но, со локалните избори се делегитимираше самиот себеси, бидејќи го прифати предизвикот да се повлече од премиерската функција, ако не победи на локалните избори. Од моментот на неговата оставка од премиерската функција нема друг човек во СДСМ и во ова мнозинство, што располага со легитимитет, за да продолжи да раководи со ова мнозинство. Резултатот од локалните избори бара задолжително нова Влада.“





