Касами: Османи го злоупотребува претседавањето со ОБСЕ – Меџити: ДУИ се ангажира за враќањето на Груевски

„Тројцата лидери на опозицискиот блок Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши упатија обвинувања до власта, а особено кон ДУИ. Лидерот на Беса Билал Касами го обвини Бујар Османи дека се обидел да го злоупотреби претседавањето со ОБСЕ.“ – објави ТВ 21.



ТВ 21 пишува: „Имаме информации дека Бујар Османи се обидел да го злоупотреби претседавањето со ОБСЕ, за да влијае врз одлуката за бројот на набљудувачи од ОБСЕ за изборниот процес. Кажуваме јасно дека знаеме точно што се подготвени да направат, за да се обидат да ги заштитат своите незаконски здобиени богатства“ – нагласи Касами.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити рече дека ДУИ се залага за враќање на Груевски, со цел да се пазари и да си обезбеди место во идната Влада, дури и ако изгубат на изборите. „Нашите извори велат дека ДУИ уште од одамна се откажа од уставните промени и оти единствената причина, поради која толку многу се ангажира за враќањето на Груевски, е за да се пазари со претседателството на ВМРО ДПМНЕ. Тие се надеваат дека Груевски ќе им осигури позиција и ако ги изгубат изброите, за да се создаде широка Влада, за која ќе преговараат и со пратеници на СДСМ.“ – изјави Меџити.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши истакна дека имаат три услови во врска со уставните промени. „Првиот услов е пат кон ЕУ без никаков компромис, независно кој ќе победи на изборите во македонскиот политички табор. Вториот услов е уставен амандман  за незастарување на кривичните предмети за злоупотреба на службената положба. Третиот услов е отстранување на ’20 проценти’ од Уставот како формулација, која се однесува на албанскиот јазик.“ – кажа Гаши.