Касами: Оџите во Тетово го култивираа националниот и верски идентитет на светата албанска нација


„Општина Тетово во светиот месец Рамазан заедно со тетовското Муфтиство на Исламската верска заедница на Македонија доделија признанија и благодарници за имамите, кои дадоа придонес со својата благочестива работа.“ – извести информативниот портал на албански јазик „Топ 24“ во својата информација со наслов „Оџите дадоа придонес кон албанската национална кауза“, пренесувајќи ја објавата на градоначалникот на Тетово и лидер на опозициската албанска партија Беса Билал Касами на неговиот фејсбук-профил.



Касами напиша на својот фејсбук-профил: „Имињата на нашите имами, нивната посветеност и пожртвуваност се трагите на нашето национално и верско преживување во тешките времиња, се трагите на знаењето, кои како блескаво кандило се шират меѓу цели генерации на нашиот град. Бескрајна благодарност до оние, кои дадоа се за нашата света албанска нација и за нашата вера!“

„Просветлената историја на нашиот град минува низ благочестивите биографии и исклучителната работа на имамите на Тетово, оние кои на градот му дадоа дух на национално и верско достоинство. Преку комеморативната академија, организирана вчера од страна на тетовското Муфтиство на Исламската верска заедница и општина Тетово во чест на делото на имамите од Тетово и околината, ги одбележуваме нивните дела, нивните размислувања, за одржување во живот и за култивирање на националниот и верскиот идентитет во нашиот град.“