Во синоќешното издание на дебатнион магазин „Click Plus“ на ТВ21 лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами изјави дека доколку не се исполнат барањата кои ги има Беса нема да дадат зелено светло на уставните промени.
Беса, меѓу другото, бара да нема македонско државјанство кај Албанците, да нема заштита само за македонската дијаспора, туку заштита на дијаспората на Македонија.
Движењето Беса има двајца пратеници.
Седницата за уставните измени продожува денеска во 13 часот.





