Касами: “Не” за предизборна коалиција со ВМРО, но ако победиме кај Албанците…

Лидерот на Беса вели дека е невозможна предизборна коалиција со македонска партија, но дека потоа, се’ ќе зависи од тоа какви резултати ќе постигнат опозициските партии во земјава, здружени во опозициски блок , на парламентарните избори догодина…



„Видете, предизборна можам да кажам дека нема можност за каква било комбинација со македонска партија бидејќи ние веќе пробавме да одиме на такви комбинаторики и испадна дека општеството во Македонија не е спремно за такви комбинации и веќе за жал, можам да констатирам дека се враќаме на етничките гласови и партиите ќе кандидираат и ќе нели се натпреваруваат во тој етнички кампус за да се оди после во постизборни комбинаторики кој со кого ќе коалицира за владата“ вели Билал Касами во интервју за Радио Слободна Европа.

„Во овој контекст е и прашањето за соработката дали со ВМРО-ДПМНЕ или со друга политичка партија на Македонците, предизборно можам да кажам дека нема можност за такви комбинации.

После избори, ние како опозиција ако ги добиеме изборите кај Албанците, ако добиеме мнозинство албански гласови и пратеници, ќе седнеме да видиме кои се можни комбинаторики и кои од тие партии би ги прифатиле и нашите нели програмски определби за да бидат дел од определбите на идната влада“ вели Касами.