Со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка, изјави првиот човек на Беса, Биљал Касами во интервју во емисијата „Патот кон“ на Алсат.
Но вели дека има прифатливи опции надвор од тоа:
„За нас би било добредојдено ако „Огнената група“ конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија и да седнеме заедно и да направаме проширена опозициска коалиција“.
Касами вели дека и структурите на Алтернатива се добредојдени во Движењето Беса.
„Ако нивниот понатамошен интерес е да се направи политичка ротација во албанскиот политички табор, што подразбира конечно ДУИ да оди во опозиција, тогаш тие се добредојдени да седнеме заедно и да го продолжиме проектот таму каде што застана“, рече Касами.







