Тетовскиот градоначалник Билал Касами се произнесе на Фејсбук за приемот на косовската претседателка Вјоса Османи.
„Имав особена чест и задоволство да бидам домаќин на претседателката на Република Косово, г-ѓа Вјоса Османи. Со претседателката Османи разговаравме за институционалната соработка меѓу општините, за убавите вести за визната либерализација и за прифаќањето на апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа, две големи достигнувања за народот на Косово и за европската иднина на државата Косово.
Нашата поврзаност со Косово не е само територијална, туку и духовна. Двете војни само уште повеќе ги обединија Албанците од двете земји. Општина Тетово активно и секојдневно работи за што побрзо да заживее патот Тетово-Призрен и за тоа ја информирав претседателката за активностите кои ги врши општината и верувам дека во иднина овој пат, ова поврзување, ќе биде функционално.
Пред госпоѓа Османи го истакнав и нашиот план една од тетовските улици да биде именувана по историскиот претседател на Косово, д-р Ибрахим Ругова.
Ѝ честитав на претседателката Османи за изборите во Северна Митровица, со кои се легитимизираа владеењето на правото и демократијата на овие избори, кои ги прифатија САД и европските земји. Ова е огромен чекор за политичката стабилност на Балканот.
Со признанието Клуч на градот, Тетово отсега е дом на претседателката!“, напиша Касами на Фејсбук.






