Касами кажа кој е условот БЕСА да гласа за уставни измени

Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа лидерот на движењето Биљал Касами.



„Ние сме недвосмислено за уставните измени, бидејќи тоа го убрзува нашиот пат кон ЕУ. Но Владата покажа уште еднаш дека не е заинтересирана да ги турка напред уставните измени, отколку што е заинтересирана да ги преживее и последните денови и да го тера мандатот до крај. Зошто?

Ние како движење пуштивме формално барање но и заеднички став на албанската опозиција е дека во делот на уставните измени треба да влезе и промена на формулацијата на албанскиот јазик од „јазикот што го зборуваат 20 посто од граѓаните“ на формулацијата „албански јазик“. Владата не чувствува ни најмала одговорност тоа да го стави во процедура без да има обврска во Собранието да ни ги обезбеди гласовите.

„ Сѐ додека владата не гледа интерес да го слушне нашиот глас, нема да гласаме за уставните измени. Нашата позиција е јасна“, вели Касами.

Запрашан дали се уште стои и на што го темели тврдењето дека опозицискиот блок на Албанците во Македонија има сила да го сруши ДУИ и цела Влада, Касами со одговор:

„ Прво, нашата нели поставеност на теренот со последните комбинации со Алтернатива и со Демократското движење на Изет Меџити веќе ние целосно го покриваме теренот каде што се во мнозинство присутни Албанците.

Друг аргумент во правец на ова, е дека гласачите на Алијанса никогаш нема да гласаат за ДУИ дури и во ситуација кога Алијанса ќе биде во коалиција со ДУИ…

И последно – вели Касами – како аргумент за оваа ситуација, се последните мерење на јавното мнение каде што покажуваат дека албанската опозиција заедно е пред ДУИ, заедно со Алијанса за Албанците и ДПА.

Една од неколкуте такви анкети е и последната анкета на БРИМА каде покажува дека здружената албанската коалиција е пред ДУИ за 2 проценти, околу 26 за здружената албанска опозиција наспроти 24 ДУИ, Алијанса и ДПА.