Касами: „Избори е најдобро есенва – за Беса и се важни целите, а не дали ќе биде во Владата со ВМРО ДПМНЕ, или СДСМ“

„Градоначалникот на општина Тетово и лидер на Движењето Беса Билал Касами во дебатниот магазин ‘Клик Плус’ на ТВ21 истакна дека најдобра опција се избори оваа есен.“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: „Според него, оваа есен е најдобрата опција за да имаме предвремени парламентарни избори, со цел да се стави крај на политичката криза. ‘Идната влада ќе има можност и капацитет за решавање на сите проблеми, вклучувајќи го и спорот со Бугарија.’ – порача Касами.“

„Во ‘Клик Плус’ Билал Касами нагласи дека дека власта е неспособна и оти ја користи украинската криза како изговор за да нема предвремени парламентарни избори. ‘Оваа влада е неспособна и нелегитимна. Таа не може да се справи со оваа криза. Граѓаните се длабоко разочарани од оваа Влада. Претходните избори се добија со ветување за интеграција во ЕУ, односно за започнување на преговори со ЕУ. Но, откако кога тоа не се оствари легитимитетот на оваа Влада падна. Таа се покажа како неспособна да се справува со кризи. Своето незадоволството граѓаните веќе го искажаа на локалните избори.’ – рече Касами.“

„Запрашан во врска со формирањето на можната идна Влада, за тоа кој од македонските политички партии е поблизок или пореален за него, Касами одговори дека за нив не е важно дали ќе биде Мицкоски или Ковачевски. ‘Тоа се докажа и со нашата коалиција со СДСМ, од која излеговме кога видовме дека нашите барања не се исполнуваа. Ние сме единствените, кои од позиција на власт гласавме за нејзино уривање. Ние имаме свои принципи и барања, одговорности и ветувања спрема албанскиот народ, и ние полагаме одговорност кон Албанците. е е важно која од партиите од македонска страна ќе биде на другата страна, се додека се исполнуваат нашите цели.’ – укажа Билал Касами.“

„Тој додаде дека е редовно во комуникација со Мицкоски со оглед на нивната коалиција и соработка на локално ниво.“

„Осврнувајќи се на политичката ситуација во Македонија Билал Касами изјави и дека Беса и Алијансата за Албанците имаат постојана соработка, за да по 20 години конечно се случи ротација во власта кај албанскиот дел во неа. И овојпат гледам подготвеност кај Алијансата на Албанците за тоа. Дефинитивно треба да имаме соработка.’ – рече Билал Касами, лидерот на Беса и градоначалник на Тетово во дебатната емисија ‘Клик Плус’ на ТВ 21.“