Касами го кани „огнениот“ Меџити во заеднички фронт против ДУИ

Движење Беса очекува Изет Меџити да го формира новото политичко движење за да соработуваат, вели Биљал Касами.



„Имаме добра комуникација со Изет Меџити и сметам дека во моментот кога ќе го формализира неговото движење ние ќе ја формализираме и соработката“, вели лидерот на Беса.

Тој упати повик и до сите други структури, другите партии и поединци кои се незадоволни, да се придружат на ова движење.

Касами: Го повикувам Таравари да ја напушти Владата на криминалот и да се приклучи кон опозицијата, за да ја победиме ДУИ на изборите

„Дојде време кај Албанците да има ротација во власта и конечно Албанците да направат промена и да бидат достоинствено застапени во државните институции“ вели Касами.

Изет Меџити најави дека на 13 август ќе формира нова партија во која сепак нема да нема да учествуваат и други членови од „огнената група“, како Муса Џафери, Блерим Беџети и Невзат Бејта кои одлучија да останат во ДУИ.