„Сигурно дека ќе биде потребно Приштина и Тирана да ги поддржуваат Албанците од Македонија се до оној момент кога тие ќе успеат да здобијат целосна рамноправност. Сега Албанците немаат права загарантирани со устав како Македонците. Ова нема да биде нималку потчинување, мешање во нашите внатрешни работи, се додека власта не ги обезбедува правата на Албанците во Македонија.“ – изјави лидерот на Беса Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.
ТВ 21 ги пренесува нагласките од искажувањата на Касами: Тој кажа дека „најмалку 10 години Албин Курти се грижи за интересите на Албанците во Македонија“. „Не може да се каже дека Албин Курти сега се обидува да влијае врз политиката на Албанците во Македонија. Тој во континуитет веќе 10 години се грижи, се интересира за Албанците тука. Идејата е да се бориме против корупцијата за подобро утре за сите нас, тоа го интересира и Курти. Реално, нашите политики треба да бидат поблиски со политиките во Тирана, ние сме истиот народ, и во албанскиот устав стои дека тие треба да се грижат за Албанците насекаде, но историски тоа ни беше оневозможено како што знаете. Албанците од Македонија сега се поблиску со соработката и политиката со Приштина.“ – рече Касами.
Според него, „Албанците се сега дискриминирани како никогаш порано“. „Денес имаме половина министри-Албанци во Владата, но Албанците се чувствуваат најдискриминирани повеќе од кога било досега. Денес и министерствата, со кои раководат Албанците, ги дискриминираат Албанците. Типичен случај е министерот за образование. Срамно е што министер за образование е Албанец кога и натаму учениците немаат учебници. Јас сум во општина Тетово и со години по ред алармирам поради ова.“ – посочи лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.





