Касами: ДУИ насетува пораз и е во паника, затоа игра на националистичка карта и се врати на говорот на војната!

„ДУИ го чувствува поразот и обземена е од паника, затоа игра на националистичка карта, затоа ѝ се врати и на реториката на војната.“ – изјави лидерот на опозициската Беса и градоначалникот на Тетово Билал Касами во интервјуто, кое го даде за Радиотелевизија Косово. Ова го објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.



„Журнал“ ја цитира изјавата на Касами, дадена во овој контекст: „ДУИ ѝ се враќа на реториката на војната, на националната реторика. Оваа реторика ја немаше во минатата изборна кампања, кога ДУИ имаше удопство, се занимаваше со зелени кампањи . Но сега е обземена од паника и ѝ се врати на реториката на војната. Верувам дека прашањата на национализмот ќе се вратат само во едно владеење ВМРО ДПМНЕ-ДУИ.“