„Претседателот на Движењето Беса Билал Касами го повика повторно лидерот на ДУИ Али Ахмети да каже кој му ги финансира мегаконцертите и за ова да ја објави листата на финансиери.“ – напиша лидерот на оваа албанска опозициска партија во својата објава, за која извести информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА ја пренесува исцело објавата на Касами:
„Лидерот на ДУИ Ахмети изјави дека ‘мегаконцертот’ во ова време на толку голема економска криза го финансираат разни донатори и компании.
Оттука,во име на отвореноста треба да им каже на граѓаните за овие донатори и компании и да не ги крие, бидејќи станува збор за вчудовидувачки износ на пари.
Само неколку дена претходно на една компанија од Тетово големиот пожар и предизвика штета од околу 12 милиони евра. Со создавањето на оваа Влада мнозинството на бизниси претрпеа големи загуби, поради лошото владеење и оптоварувањето на бизнисите со непотребни трошоци. Зад ова се крие уште една многу сомнителна афера, каде што за да се оправда нивната мегакорупција организираат такви мегаконцерти, кога е врвот на една глобална финансиска и економска криза и тие концерти ги оправдуваат како финансирање од страна на приватните бизниси.
Нека бидат од ДУИ отворени и нека ја објават листата на донатори и компании, кои што финансираат, инаку во спротивно создаваат простор за сомневања дека сите овие непотребни издатоци се прават со пари изнудени преку корупцијата на функционерите на ДУИ!“
Home Македонија Касами до Ахмети: „Дали вашите корумпирани функционери изнудуваат од компаниите пари за...





