„Сликата на изборите од првиот круг е јасна, граѓаните дадоа јасна порака дека не се задоволни од актуелната градоначалничка и бараат промени во Тетово, јас и Беса сме биле и ќе бидеме во коалиција со граѓанинот, а не со политичките партии, бидејќи на крајот одлуката е само на граѓанинот“, изјави лидерот на Беса, Билал Касами, коалициски партнер на СДСМ и серозиен кандидат да ја „детронизира“ актуелната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи која како кандидатка на ДУИ, бара трет градоначалнички мандат.
„Избирачкото тело се покажа дека е интелигентно и тоа се докажа со гласови, Беса и Билал Касами добија над 10.400 гласа со директен пристап до граѓаните, а сега време е да се дозволи да се соочат изборните програми и граѓаните да ја оценат која програма е најдобра Тетово“, истакна Билал Касами на вчерашните средби со граѓаните од овој град.
Останува отворено прашањето на која страна ќе одигра СДСМ која е во коалиција, предизборна и поизборна со двете партии…






