По одлуката на општинските власти во општините Аеродром и Гази Баба секој прв понеделник во месецот, наставата да започнува со интонирање на државната химна на Македонија, реагира градоначалникот на општина Тетово.
Билал Касами смета дека додека се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна.
„Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество. Се додека државната химна го повикува само македонскиот народ, сега знаеме дека името на земјата е Северна Македонија, ние треба да се прилагодиме на реалноста…
Ако се интонира државната химна која се повикува на македонскиот народ, да се интонира и албанската химна, односно тоа што го чувствуваат Албанците како свое’, вели Касами.

И градоначалници на мали општини прават голем непотизам, си ја земал фамилијата на шетање






