Касами: Албанците не се малцинство

Лидерот на „Беса“ збопрува за за длабоки политички кризи на секои 10 или 15 години доколку на високите политички функции не биде поставен Албанец.



Запрашан што добија Албанците од поставувањето на Талат Џафери е претседател на Собранието, Касами вели дека „тојј не ги претставува Албанците, тој ја претставува ДУИ. Тоа се гледа низ целото двегодишно функционирање на Собранието“.

Касами прави разлика меѓу Албанците и другите малцинства во Македонија.

„Треба да направиме една разлика со тоа што ние бараме правда и права за Албанците, тоа за нас е многу важно затоа што Албанците и по Устав и по демографските бројки се многу важен елемент на државноста на Македонија. По сите параметри тие не се класично малцинство како другите малцинства.

И ако тоа население не е задоволно, не ја има можноста да придонесува за развитокот на државата, државата постојано ќе се справува со кризи“в вели Биљал Касами за Радио Слободна Европа.