Лидерите на Алијансата за Албанците и БЕСА, Зијадин Села и Биљал Касами, чиј кандидат за претседател Блерим Река освои скоро 80.000 гласови во првиот изборен круг, велат дека овој резултат е порака на Албанците кон албанските елити на власта.
Според Касами Албанците сакаат промени како што, според него, се случи во македонскиот политички кампус, а тоа го покажаа и вчерашните избори.
„Ако Премиерот и натаму продолжи да биде заробен и да ги брани албанските криминалци само за тие да му служат нему, тој треба да знае дека ќе го повлечат во дупката во која се паднати тие одамна“, рече Касами, пренесе „Фокус“.





