Ако одлучат да се отцепат од ДУИ и ако формираат нова партија, тогаш за Движењето Беса би била прифатлива „огнената група“, вели првиот човек на Беса, Биљал Касами во интервју за Алсат.
Касами додава дека со сегашното парламентарно мнозинство е затворена секоја можност за соработка.
„За нас би било добредојдено ако конечно решат да се отцепат од ДУИ, да формираат политичка партија и да седнат заедно и да направат проширена опозициска коалиција, тие, Алтернатива, со други партии, со други групи, со интелектуалци и други опозициски фактори од граѓанскиот сектор… “, вели Касами.







