Движење Беса со внимание и загриженост ги следи последните политичките случувања кај нас, а воедно и театарот што на народот му го сервираат вазалите на СДСМ-ДУИ, рече претседателот на Беса Билал Касами. Тој додаде дека владејачките партии лажно се жалат дека се жртви на патот кон членство во ЕУ.
„Последните политички случувања претставуваат театар со кој власта се обидува да го скрие неправилното владеење. Во театарската претстава на ДУИ, актерот Бујар Османи само што не почна да плаче за тоа колку ДУИ ја сака Европа. Пред неколку дена, со исто сценарио излезе и сателитот на ДУИ. Но, за разлика од ДУИ, која не е сакана ниту во Владата, ниту кај народот другата партија во власта се сомневаше дека ВМРО не ја сака ниту неа во Владата. Сето ова беше продадено како да се жртва за патот кон Европа. Вазалните партии во власта забораваат дека се главните актери против Европа, на економската криза, на корупцијата, на заробеното судство, каде што ги сместија своите деца и другите членови на семејството, со единствена цел-контрола и уништување на правосудни правосудниот систем“, изјави претседателот на Движење Беса, Биљал Касами.

Касами побара превремени избори оти како што рече и граѓаните тоа го посакуваат затоа што не сакаат ваква власт.
„На Али Ахмети и неговиот аргат во Владата, им посочуваме дека народот повеќе нема да го јаде ова расипано јадење под проевропска наметка. Народот одамна го разбра овој театар и овие измами. Ние како Движење БЕСА, но и како народ на оваа земја, отворено кажуваме дека вие кои сте дел меѓународните истраги за криминал, корупција, уцени и перење пари преку тендери кои траат цела деценија и повеќе, не можете да не внесете во Европа. Оваа Влада во која двете албански партии ДУИ и Алијанса за Албанците, кои дење жалат за Европа, а ноќе го прават спротивното не може да не одведе во Европа. И двете не успеаја да променат ништо ниту положбата на Албанците во Северна Македонија, ниту да ја тргнат 20 Македонија, ниту да ја тргнат 20 отсто навредата за овој народ. Движењето БЕСА бара од оваа Влада што поскоро да распише предвремени избори, а овие вазали на Србија и Русија, да бидат отстранети од фотелјите во кои удобно седат со години. Со оваа Влада Северна Македонија може да ги загуби тие шанси да биде дел од проевропски надежи кои останаа. Со оваа власт ниту на сон не можеме да станеме дел до проевропското семејство“, рече Касами.
Касами на новинарско прашање истакна дека не прифаќа никаква широка влада.
„Со нашата широка опозициска коалиција ќе излеземе како победници и без мандат од народот не сакаме да бидеме дел од калкулациите за формирање на извршната власт“, дополни Касами.





