Банкарите реагираа дека не се во можност брзо да ги изготват платежните картички наменети за купување на македонски производи , па Владата ги промени роковите.
Наместо до 3 јули, банките треба да ги поделат картичките најдоцна до 18 јули.
Граѓаните може да ги искористат парите за купување домашни производи или услуги најдоцна до 15 август, место до 31 јули како што беше претходно.
Според Уредбата на владата, по 9.000 денари еднократна помош ќе добијат социјалните категории и невработени кои оставруваат низок доход, а по 3.000 денари ќе добијат вработени со мали примања, како и средношколци со наполнети 16 години и студенти. Здравстевните работници кои тестирале, дијагностицирале, или лекувале заболени од ковид 19 ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40 отсто од износот на последната пресметана основна нето плата, која исто така ќе легне на платежната картичка „купувам домашно“.






