Карма – каша со притворот на Јанакиевски и Божиновски

Кривичниот совет на Основнот суд Скопје 1, односно одделението за организиран криминал кое на барање на СЈО ги изготвило решенијата за притворање на Јанакиески и Божиновски, направиле неколку катастрофални формални грешки при изрекување на нивниот притвор за што на соцојалните мрежи се бара одговорност.



Направените грешки за кои во било која европска грешка ќе доведеа до оставки во врвот на судските институциите, министерството за правда и владата кај нас поминуваат со пиши – бриши документи.

За вакви грешки во било која држава на ЕУ пропаѓаат цели процеси а судиите веднаш ја губат позицијата.

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил.

Во решенијата за притвор изготвени на брзина, решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски.

Според судот се работи за „очигледни технички грешки“ во кои погрешен е бројот на предметот на Кирил Божиновски, за што подоцна Кривичниот совет изготвува и решение за исправка на „очигледна техничка грешка“.

Наместо КОК-КР бр. 1003/18 треба да стои КОК-КР бр. 1005/18

Кирил Божиновски во моментов е опфатен само во еден еден предмет на СЈО, во „Титаник“, а не во предмети, како што пишува. Во повеќе предмети на СЈО е обвинет Миле Јанакиевски.

Во двете решенија стои дека средбата со претседателот Иванов била остварена преку посредник, иницијатор на средбата со претседателот на Репубика Македонија бил Миле Јанакиески, односно Кирил Божиновски, дека ги имале истите барања, дека ги имаат истите банкарски сметки во странство и дека се подготвуваат за бегство.

На средба со претседателот на Република Македонија бил Миле Јанакиески, кој закажал телефонски, како што потврди и Кабинетот на претседателот. Кирил Божиновски немал средба со Иванов.

Овие според судот технички грешки се само дел од целата катастрофална ситуација во која најголем гаф е сепак објавувањето на класифициран документ, белешка на УБК според која бил прислушуван кабинетот на претседателот на државата.