На народен јазик денеска се случи ,,Карма – Каша” откако на владината конференција ,,Година на европски можности”, вицепремиерот Бојан Маричиќ почна да слуша превод од обраќањето на македонскиот јазик на вицепремиерот Артан Груби.
Од видеото објавено од владата се гледа дека додека Груби зборува на Македонски јазик Маричиќ ги има слушалките за превод на своите уши што укажува дека тој го слуша преводот а не оригиналниот говор на вицепремиерот.
Официјалниот превод на конференцијата на која владините претставници ја критикуваа ВМРО-ДПМНЕ беше на албански и англиски јазик но Маричиќ не објавува на кој јазик го слушал преводот од говорот на Груби.






