Карл Билд се јави за референдумот во „Северна Македонија“

Поранешниот шведски премиер и министер за надворешни работи, Карл Билд синоќа на  Твитер го искажа своето мислење за претстојниот референдум.



„Референдумот во Северна Македонија на 30 септември де факто ќе одлучи за перспективата на земјата во НАТО и ЕУ. Значаен за регионот како целина“ напиша Карл Билд кој до 2001 беше спевцијален пратеник на ОН за Балкан

 

На постот реагираа бројни „твитерџии“ кои топло му предочија на Швеѓанецот дека името на Македонија не е променето и дека референдумот од кој зависи тоа – се уште не е одржан.

„Северна Македонија не е името на земјата во која живеам“;

„Значи, Карл, изгледа дека веќе го имате резултатот од референдумот“;

„Драг Карл,
Имајќи предвид дека референдумот, сеуште успешно не се случил, а вашата земја на потекло (Swe) нè признава со нашето уставно име (засега), Република Македонија, ве молиме да не брзате и да не ја почитувате надворешната политика на вашата земја со тоа што ќе не нарекувате поинаку“…